Скопје ЈП „Улици и патишта"

Подготвителни активности за втора фаза градежни работи за семафоризација на крстосницата на улица „Васко Карангелевски”

Новата семафоризирана крстосница се изведува со забрзано темпо со цел што побрзо обезбедување на безбедноста на сообраќајот на овој досега критичен сегмент, со посебен акцент за безбедноста на учениците на ОУ „Љубен Лапе”, кое е во непосредна близина на крстосницата.

И покрај сите предизвици во делот на обезбедување и доцнењето на согласноста од СВР Скопје за поставување на светлосна сигнализација на крстосница улица „Васко Карангелески” со улица „Ангел Димовски” во населба Аеродром, екипите на ЈП „Улици и патишта”- Скопје и денес продолжуваат со активностите на терен.

Се вршат подготовки за бетонирање на темелите, на кои ќе бидат поставени семафорските портални столбови и спроведена семафорската инсталација.

To top