Велика Британија е подготвена да и пружи хуманитарна поддршка на Јамајка откако земјата беше погодена од ураганот Мелиса, изјави денеска британскиот премиер Кир Стармер, додавајќи дека сцените од разурнатата земја се „навистина шокантни“.
Тој посочи дека воениот брод „ХМС Трент“ и специјализирани тимови за брзо распоредување претходно биле позиционирани во регионот за да обезбедат поддршка.
Југозападниот дел на Јамајка вќера беше погоден од ураганот Мелиса, а ветерот достигнаа брзина од 295 километри на час. Владата на Јамајка нареди евакуација од областите со висок ризик, а сите аеродроми во земјата се затворени. Поројните дождови ги поплавија градовите, уништија домови и го прекинаа снабдувањето со електрична енергија на повеќе од половина милион домаќинства
Околу 8.000 британски државјани се наоѓаат на Јамајка, а Канцеларијата за надворешни работи, Комонвелт и развој (ФЦДО) ги повика да го пријават своето присуство преку веб-страницата на Владата за да добиваат новости за ураганот.