Свет Елизабет Тросел

ОХЦР: Израел повеќе пати го прекрши меѓународното право за време на офанзивата во Појасот Газа

Високиот комесаријат истакнува дека прекршувањето на овие обврски претставува ризик Израел да биде повикан на одговорност за воени и други злосторства.

ОХЦР: Израел повеќе пати го прекрши меѓународното право за време на офанзивата во Појасот Газа

Канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права на Обединетите нации (ОХЦР) денеска објави дека Израел во повеќе наврати го прекршил меѓународното хуманитарно право откако започна офанзива во Појасот Газа како одговор на нападите на Хамас врз јужен Израел на 7 октомври.

Портпаролката на ОХЦР Елизабет Тросел рече дека Израел повеќе пати ги прекршил основните принципи на меѓународното хуманитарно право и дека Канцеларијата веќе укажала дека израелските сили, кога го напаѓаат Појасот Газа, не ја земаат предвид разликата на целите, пропорционалноста и мерките за заштита на цивилите.

Според неа, Високиот комесаријат истакнува дека прекршувањето на овие обврски претставува ризик Израел да биде повикан на одговорност за воени и други злосторства. (МИА)

To top