Вељко Пауновиќ, кој донеодамна беше тренер на Овиедо, ќе биде нов селектор на Србија или наследник на Драган Стојковиќ – Пикси.
Остануваат само уште да се договорат деталите, барем според медиумите кај нашиот северен сосед.
Што навистина се случило па да има ваков пресврт никој не знае, ама навистина е чудно.
Интересно е тоа што тој уште за времето на Пикси беше посочуван како најпосакуван човек за селектор на Србија.
Тој е тренерот кој што пред една деценија и ја донесе на Србија светската титула на Мундијалот за У-20 и многумина од тие момци сега се репрезентативци.
Во случај ова да е вистина, тогаш Србија доби навистина одличен селектор.