Кошарка

Јан Мадар ќе го продолжи договорот со Макаби Тел Авив

Јан Мадар ќе го продолжи договорот со Макаби Тел Авив

Јан Мадар направи полн погодок со враќањето во својата татковина, во дресот на Хапоел Тел Авив.

Минатата сезона беше еден од најдобрите играчи во Европа, под водство на Димитрис Итудис, а оваа сезона се мачи со повреди.

Прво мораше да се оперира од слепо црево, а потоа коленото му предизвика проблеми.

И покрај сето ова, Хапоел подготви нов петгодишен договор за него. Така, Мадар треба да заработува 8.500.000 евра според новиот договор што му е на маса.

Се очекува да се зголеми платата на поранешниот шампион на АБА-лигата од сегашните 1.200.000 на 1.700.000 евра.

To top