Останати спортови

Алкараз елиминиран на стартот од Мастерсот во Париз

Алкараз елиминиран на стартот од Мастерсот во Париз

Светскиот тенисер број еден, Карлос Алкараз, доживеа пораз на Мастерс турниот во Париз, што за него е прв пораз што не е во финале уште од март. Шпанецот се бореше за влез во осминафиналето со Камерон Нори, но иако го доби првиот сет, сепак на крајот изгуби со 4-6, 6-3, 6-4 во сетови.

Британецот пак, кој изгуби во првата рунда од квалификациите минатата година, сега го доби првиот меч против светски рекет број еден.

Алкараз кој претходно во Токио ја освои својата осма титула сезонава, денес се мачеше со својот ритам на теренот и имаше дури 54 грешки, што е нешто навистина некарактеристично за него.

Овој пораз ја прекинува низата од 17 последователни победи на Алкараз на АТП Мастерс 1000 турнирите, која траеше уште од турнирот во Мајами во март, каде исто така изгуби во првиот меч кој го одигра.

“Ова е огромно нешто за мене. Особено по враќањето од повредата. Минатата година изгубив во првата рунда од квалификациите тука. Само се обидов да уживам во мојата игра во втората половина од годината и да победам вака, ова е најголема победа во мојата кариера”, изјави Нори после натпреварот.

Она што сега ќе се чека е настапот на најголемиот ривал на Алкараз, италијанскиот тенисер Јаник Синер, кој доколку победи во Париз би ја презел повторно на првата позиција на АТП листата, откако ја изгуби токму од Шпанецот по поразот во финалето на УС Опен.

To top