Хроника СВР Велес

Велешанка преживеала ужас: Маж дивеел, ја тепал, па со средство за чистење ја испрскал во очите

Тој е задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Велешанка преживеала ужас: Маж дивеел, ја тепал, па со средство за чистење ја испрскал во очите

На 27.10.2025 во 15:30 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода М.П.(31) од Велес, постапувајќи по претходна пријава од 55-годишна велешанка дека на работното место во здравствена установа во Велес ја заклучил во една од просториите, кршел предмети, физички ја нападнал, ѝ се заканил со остар предмет и со средство за чистење ја испрскал во очите.

Тој е задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Најнови вести од Хроника

To top