На 26.10.2025 во 06:46 часот во СВР Битола е пријавено дека на регионалниот пат Битола-с.Драгош, во близина на крстосница за с.Лажец, патничко возило „ауди“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Р.Д.(46) од с.Граешница, битолско, излетало надвор од коловозот.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Битола, информира МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.