Останати спортови

Норис до пол-позиција во Мексико

Норис до пол-позиција во Мексико

Ландо Норис со спектакуларен круг дојде до пол-позицијата пред трката за Големата награда на Мексико.

Квалификациите во Мексико беа брилијантни за возачите на Ферари, лоши за Макс Ферстапен, а ужаси за лидерот во генералниот пласман Оскар Пјастри.

Во вториот ред до Хамилтон трката ќе ја започне неговиот поранешен колега Џорџ Расел. Возачот на Мерцедес за 36 илјадити делови од секундата имаше подобро време од актуелниот шампион Макс Ферстапен.

До него во третиот ред е Андреа Кими Антонели (Мерцедес). Оскар Пјастри е во четвртиот ред заедно со Исак Хаџар (Рејсинг Булс).

Траката за Големата награда на Мексико в недела се вози од 21 часот.

Во вкупниот пласман Пјастри има 14 поени повеќе од Норис и 40 од Ферстапен.

To top