Занимливости

Италијанците готват со вештачка интелигенција: Дали „ChefCPT“ е новиот мајстор во кујната?

Најчестите употреби на вештачката интелигенција во кујната вклучуваат креирање рецепти или менија врз основа на достапните состојки, прилагодување на јадењата за интолеранции на храна и истражување на техниките за готвење за одредени видови храна.

Италијанците готват со вештачка интелигенција: Дали „ChefCPT“ е новиот мајстор во кујната?

Шест од десет Италијанци користат вештачка интелигенција (ВИ) во готвењето, според анкетата на платформата „Academia.tv“ за кулинарските навики и употребата на технологијата во 2025 година.

Анкетата, спроведена меѓу љубителите на храна на возраст меѓу 25 и 45 години, открива дека 64 проценти од Италијанците користат ВИ за да пронајдат идеи и да научат нови кулинарски техники, иако половина од испитаниците сè уште се сомневаат во квалитетот на генерираната содржина, објави Анса.

Врз основа на ова истражување, развиен е системот „ChefCPT“ (Culinary Pre-trained Transformer), кој го користи знаењето на 207 кулинарски мајстори за да обезбеди персонализирана поддршка при подготовката на оброците.

Анкетата покажа дека 17,6 проценти од Италијанците редовно готват само за себе, додека повеќе од 80 проценти подготвуваат оброци за семејството и пријателите.

За 95 проценти од испитаниците, оброците се важни социјални пригоди, а 65 проценти сметаат дека е нормално да поминат најмалку 30 минути подготвувајќи домашен оброк.

Поради високите цени надвор од домот и ниската просечна куповна моќ, 82 проценти од Италијанците јадат надвор најмногу еднаш неделно.

Кога излегуваат, повеќето избираат италијански ресторани и пицерии – 74 проценти, проследени од етнички ресторани – 13,5 проценти, додека само 2,5 проценти одат во ресторани за брза храна.

To top