Омилен прилог во малку поинаква верзија, по изглед и вкус.
Состојки:
- 500-600 грама компир
- 100 грама кромид
- 1 црвена пиперка
- 1 портокалова пиперка
- 1 лажица путер
- магдонос
- млеко
- сол
Подготовка:
Излупете ги компирите, исечете ги и сварете ги во солена вода. Може да се варат и на пареа. Додека компирите се варат, исецкајте го кромидот и пиперките на мали коцки. Пржете го кромидот и пиперките на путер додека не омекнат. На крај, додадете го сецканиот магдонос. Изгмечете ги сварените компири и додадете го пржениот кромид и пиперките. Измешајте сè. Додадете млеко додека не се постигне саканата кремаста текстура на пире. Додадете повеќе сол доколку е потребно. Сервирајте топло. Пиперките му даваат на овој прилог прекрасен изглед и извонреден вкус и арома.
Сервирање:
Прилог со кое било јадење.