Фудбал ФИФПРО

Фудбалерите изложени на сè поголемо насилство од трибините

Глобалниот синдикат на професионалните фудбалери (ФИФПРО) соопшти дека играчите се жалат оти честопати мораат преќутно да прифатат агресија наместо отворено да зборуваат за проблематиката, пред сè поради страв дека тоа може дополнително да го влоши злоставувањето или да влијае врз нивниот статус во клубот.

Фудбалерите изложени на сè поголемо насилство од трибините

Безбедноста на работното место е сè поголема грижа за фудбалерите, кои се изложени на физички напади на теренот од навивачи, вербални навреди, а мораат да се носат и со пиротехнички средства и разни други предмети кои се фрлаат кон нив од публиката, се истакнува во извештајот на ФИФПРО објавен денеска.

Глобалниот синдикат на професионалните фудбалери (ФИФПРО) соопшти дека играчите се жалат оти честопати мораат преќутно да прифатат агресија наместо отворено да зборуваат за проблематиката, пред сè поради страв дека тоа може дополнително да го влоши злоставувањето или да влијае врз нивниот статус во клубот.

„Имаме чувство дека овој пристап го спушти нивото за навивачите на стадионите до точка во која некои мислат дека имаат право да преземаат дејствија кои всушност не смеат да ги прават“, изјави еден од интервјуираните фудбалери во извештајот на 28 страници под наслов „Влијанието на насилството врз фудбалерите на нивното работно место“.

Наодите изнесени во извештајот на ФИФПРО се темелат на интервјуа со играчи, истражувања спроведени од 41 национална фудбалска федерација, медиумски написи, како и истражувачката дејност на др. Џоел Руквуд од Универзитетот „Колеџ Даблин“.

To top