Ракомет

Гарабаја: Ќе се обидеме да ја искористиме секоја шанса во Магдебург

Гарабаја: Ќе се обидеме да ја искористиме секоја шанса во Магдебург

Тренерот на РК Е.Пелистер, Рубен Гарабаја, ги прокоментира своите очекувања за тешкиот предизвик во Лигата на шампионите, каде неговите избраници ќе се соочат со актуелниот европски шампион, Магдебург.

„Се надевам дека ќе можеме да бидеме уште подобри од мечот со Барселона, затоа што одигравме одлично. Не бевме перфектни, но бевме близу. Ако не сте компактни и безгрешни против тим како Магдебург, сигурно ќе имате многу проблеми.

Ќе видиме кои играчи се најподготвени за настап, нема да ризикуваме со оние што не се 100% фит. Ќе дадеме максимум со кадарот што го имаме на располагање.

Сите знаат каков стил негува ривалот, брз, со опасни контри и лесни голови. Ќе се обидеме да ја зграпчиме секоја прилика што ќе ни се пружи“, рече Гарабаја.

Наптреварот помеѓу Магдебург и Еурофарм Пелистер ќе се одигра на 23 октомври. Почетокот е закажан за 20:45 часот.

To top