Германскиот ракометен клуб Гумерзбах обезбеди соработката со еден од најперспективните млади играчи во Европа, шведскиот бек-шутер Никола Рогановиќ.
Деветнаесетгодишниот талент ќе му се приклучи на клубот од сезоната 2026/27, со договор кој ќе важи до 2029 година. Рогановиќ во моментов настапува за шведскиот прволигаш Малме, клуб во кој пристигна минатото лето заедно со својот татко и тренер Зоран Рогановиќ.
Кариерата на Рогановиќ течеше во нагорна линија, а неговата извонредна форма беше потврдена и на Европското првенство до 18 години, каде што одигра клучна улога во освојувањето на златниот медал со шведската репрезентација. Рогановиќ постигна шест голови во финалето против и вкупно 53 гола на целиот турнир, што го направи најдобар стрелец и најкорисен играч (MVP) на првенството.