Свет Преку видео врска

Навални побара подобри услови во арктичкиот затвор „Поларен волк“

Тој го критикуваше правилото на затворот дека затвореникот има право на само една религиозна или секуларна книга, вклучувајќи весници и списанија.

Навални побара подобри услови во арктичкиот затвор „Поларен волк“

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој е во затвор, денеска преку видео врска се појави пред судија на Врховниот суд, од кого побара подобри услови во затворот и ги оспори постоечките затворски правила.

Меѓу другото, Навални побара подолги паузи за оброци и да му се даде пристап до повеќе книги.

Тој го критикуваше правилото на затворот дека затвореникот има право на само една религиозна или секуларна книга, вклучувајќи весници и списанија.

– Една книга не ми е доволна, со тоа јасно се кршат моите верски права, изјави Навални.

Тој, исто така, посочи дека 10-минутната пауза е прекратка за оброк, кој се состои од две кришки леб и две шолји врела вода.

Навални (47),  се обрати до судијата облечен во црна затворска униформа и стоејќи зад решетки во мала празна соба.

Ова беше негово последователно појавување на суд, втор ден по ред.

Навални минатиот месец беше префрлен во арктичката казнена колонија „Поларен волк“, откако неговата кумулативна казна беше продолжена на повеќе од 30 години затвор.

Навални и неговите поддржувачи велат дека многу од обвиненијата против него, кои се движат од измама до екстремизам, се измислени за да ја замолчат неговата критика кон рускиот претседател Владимир Путин.  (МИА)

To top