Ракомет

Грчевски: Против Белгија ќе ја бараме нашата шанса против Белгија!

Грчевски: Против Белгија ќе ја бараме нашата шанса против Белгија!

Своето видување за играта на мечот со Словенија го изнесе селекторот Кристијан Грчевски, кој го поистовети овој меч со претходниот – против селекцијата на Германија.

„Повторно ни падна фокусот во истиот период од мечот, исто како на дуелот со Германија. Ние сме физички послаби и тоа е повеќе од очигледно. Дел од девојките немаат доволно мечеви и минутажа во нозете, тоа се одразува и во националниот тим.

Мораме да бидеме подобри во физичка смисла, ние сме подмладен тим и знаеме дека Словенија и Германија се велесили, но мораме да работиме повеќе, за да изгледаме подобро на теренот.

Имаме свои шанси на мечевите, добро се бориме, не сме за потценување. Ќе бараме победи над селекцијата на Белгија, се надеваме дека преку овие мечеви ќе обезбедиме пласман на континенталниот собир“, изјави селекторот.

Македонија следните два меча ќе ги одигра во март следната година. Најпрво ќе гостуваме кај Белгија, а веднаш потоа ќе ја нагостиме и на домашен терен

To top