Ракометната кадетска селекција на Македоонија го одигра и последниот натпревар на меѓународниот турнир „Трофеј Карпати“ во Романија.
Во последното коло нашите надежи прокоцкаа голема можност за втора победа и на крај ремизираа во драматичниот натпревар со соседите од Србија.
На „Трофеј Карпати“ нашите кадети отворија со пораз токму од Полска, а во вчерашното соочување со домаќинот славеа сигурна победа.
Натпреварите во Романија беа вистински тестови за она што ги очекува момците на Кузманоски и квалификациските дуели за ЕП против Финска, Грција и Луксембург.