Од Регионален Центарза управување со кризи – Скопје информираа за прекин во водоснабдување за ден 18.10.2025 година, сабота.
По добиено известување од ЈП Водовод и Канализација добивме на ден 18.10.2025г. (сабота), поради внатрешен дефект на улица Црвена Скопска Општина бб. со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Црвена Скопска Општина, соопшри РУЦК – Скопје.
Со овој прекин ќе бидат опфатени следниве објекти: Министерство за Транспорт и Врски, Музичко Балетското Училиште, Филхармонија, Архив на Македонија, Уставен Суд, Хотел Стон Бриџи и станбените објекти од Пајко Маало.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работните активности.