Ејс Фрели, легендарниот гитарист и еден од основачите на познатиот бенд KISS, почина на 74-годишна возраст.
Иконата на KISS беше на апарати за одржување во живот откако доживеа тешко крварење во мозокот. Тој беше хоспитализиран и ставен на вентилатор. Неговото семејство донесе тешка одлука да ги исклучи неговите апарати за одржување во живот, објави Дејли Меил.
Според истиот извор, музичарот се струполил во своето домашно студио пред неколку недели и ја удрил главата при ужасен пад, што предизвикало здравствена криза. Оттогаш, состојбата на Фрели се влошила, принудувајќи ја рокенрол иконата да ги откаже сите претстојни концерти. Извори блиски до музичарот рекле дека тој бил на аспиратор со денови, а лекарите забележале мало подобрување. По падот, тимот на Фрели првично се обидел да ја намали сериозноста на неговата состојба, објавува Телеграф.
На 25 септември, неговиот официјален Инстаграм профил објави изјава во која ги увери обожавателите дека е „добро“, и покрај тоа што лекарите му наредија да не патува. Само една недела подоцна, нова објава потврди дека ги откажува сите преостанати датуми на турнејата за 2025 година, наведувајќи „тековни здравствени проблеми“.
Во рок-светот брзо се раширија гласини дека Фрели починал, откако ветеранот музички новинар Мич Лафон објави порака на мрежата X:
„Tи благодарам за музиката и спомените. Бог да те благослови“.
За потсетување, познатиот Џин Симонс од групата „KISS“ беше однесен во болница откако беше учесник во сообраќајна несреќа во Малибу во вторникот.