Припадниците на Командата за операции (КО) денеска со воена свеченост во касарната „Боро Менков“- Куманово, ќе го одбележат денот на единицата.
На свеченоста ќе се обратат министерот за одбрана Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и командантот на КО, бригаден генерал Мирче Ѓоргоски.
За ден на Командата за операции е определен 17 октомври, како еден од значајните историски настани врз кои се темелат традициите на Армијата, кога во 1887 година во селото Кресна е формиран штабот на Кресненското востание, што е воедно и ден кога е кренато востанието.