Познати Се огласи неговата ќерка

Почина Џејмс Котак, долгогодишен тапанар на „Скорпионс“

Причината за смртта сѐ уште не е позната.

Почина Џејмс Котак, долгогодишен тапанар на „Скорпионс“

Американецот Џејмс Котак, најдолгогодишниот тапанар на легендарниот германски хард-рок бенд „Скорпионс“, почина на 9 јануари, на 61-годишна возраст, во родниот Лујсвил, Кентаки, САД. Веста за смртта на музичарот ја потврди неговата ќерка за „ТМЗ“, како и самиот рок-состав.

„Многу тажна вест… Нашиот драг пријател и тапанар (кој беше со нас) 20 години Џејмс Котак почина на 61-годишна возраст. Џејмс беше прекрасно човечко суштество, одличен музичар и посветен семеен човек… Беше наш ‘брат од друга мајка’ и навистина ќе ни недостига. Рокенрол засекогаш. Почивај во мир, Џејмс“, објавија другите членови на групата.

Причината за смртта сѐ уште не е позната.

Котак му се приклучи рок-составот во 1996., а напушти во 2016 година кога отиде на лекување од алкохолизам. Беше, исто така, тапанар во рок-групите „Боб Брикли бенд“, „Нат хаус“, „Мистер Чарли“, „Бастер Браун“, „Монтроус“, „Кингдом Дој“, „Вајлд хорс“, „Мекаули шенкер груп“, „Варант и Ашба“… Исто така свиреше и во својот бенд „Котак“, претходно наречен „Кранк“.

Котак беше во брак со Атина Бас – помладата сестра на Томи Ли. Со неа одгледа три деца – нивниот син Метју и двете деца на Атина од две претходни врски. (МИА)

Најнови вести од Познати

To top