Каталонскиот весник Ел Мундо Депортиво тврди дека веќе идната сезона во Евролигата ќе има претставник на Дубаи.
Неодамна, извршниот директор на Евролигата, Паулиус Мотиејунас изјави дека шансите за такво нешто се 50-50, но во Каталонија изнесоа и детали од планот за инкорпорација на клубот од Обединетите Арапски Емирати.
Според него, за шест сезони Дубаи ќе инвестира 150 милиони евра, а секој клуб со А-лиценца ќе инкасира по милион евра годишно. За ова се гласало во ноември и, според неофицијалните извештаи, против бил само Макаби.
Дубаи ќе го донесе и новиот спонзор на Евролигата, на местото на Туркиш Ерлајнс ќе влезе Флај Емирејтс, а Дубаи паралелно ќе има и клуб во АБА лигата.