Холивудските легенди Роберт Де Ниро (82) и Ал Пачино (85) се појавија заедно во новата кампања на италијанско-францускиот моден бренд Moncler, наречена „Заедно потопло“.
Имено, кампањата беше претставена денес, а беше снимена во Њујорк. Целта на кампањата е да ја пренесе пораката за топлина што доаѓа не само од облеката, туку и од меѓучовечките односи, преку приказната за долгогодишното пријателство на овие двајца актери.
За фотографиите беше задолжен познатиот фотограф Платон, кој ги прикажа Пачино и Де Ниро во црно-бели снимки во спонтан разговор и дружење, додека носеа препознатливи јакни Moncler од новата колекција.
View this post on Instagram
Во еден од видео клиповите од кампањата, Де Ниро изјавува: „Топлината никогаш не доаѓаше однадвор, туку доаѓаше одвнатре“.
Ал Пачино додава: „Пријателството е најдоброто нешто што може да го имате“.
Кампањата не е фокусирана само на промоција на облеката, туку на вредности како што се блискоста и довербата. Брендот Moncler е познат по изработката на квалитетна зимска облека, а во последниве години сè повеќе ја комбинира модата со емотивни и културни приказни.
Moncler е основан во 1952 година во Франција, а денес се смета за еден од водечките светски брендови за луксузна облека. Под водство на режисерот Ремо Руфини, брендот сè повеќе соработува со познати имиња од светот на уметноста, филмот и музиката.
Кампањата е придружена со нова верзија на песната „Lean on Me“, изведена од американскиот музичар Тобе Нвигве и неговата сопруга Фет.