Останати спортови

Познат е градот домаќин каде ќе игра Македонија на ЕП

Познат е градот домаќин каде ќе игра Македонија на ЕП

Македонската одбојкарска репрезентација ќе го продолжи континуитетот и ќе игра на четврто Европско првенство во низа.

Знаеме дека избраниците на Јошко Миленковски се најдпа во група со Бугарија, Полска, Украина, Португалија и Израел. Домаќин на оваа група ќе биде Бугарија, но се чекаше да се види кој ќе биде градот организатор.

Иако првично беше најавено дека групата ќе се игра во Варна, потоа се појавија недоумици и ЦЕВ во соработка со Бугарската одбојкарска федерација ја смени одлуката.

„По вонредниот состанок на Управниот одбор на Бугарската одбојкарска федерација, донесена е одлука Софија да биде град-домаќин на ЕвроВолеј 2026 во Бугарија“, објавија од федерацијата.

To top