Хроника ЦУК

Во пожар во Аеродром најверојатно настрадало повозрасно неподвижно лице

Во гаснењето на пожарот интервенирале 15 пожарникари со 6 ПП возила. Инаку, подетални инфо за пожарот може да се добијат од БППЗ.

Во пожар во Аеродром најверојатно настрадало повозрасно неподвижно лице

Утрово во 06.33 часот на eдинствениот број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена пријава за пожар во стан во зграда на 6-ти кат на ул. „Пандил Шишков“ во Општина Аеродром.

Екипи на Бригадата за противпожарна заштита БППЗ на Град Скопје веднаш излегле на терен и го изгаснале пожарот без да се прошири на соседните станови.

Во пожарот најверојатно настрадало повозрасно неподвижно лице, информира МВР.

Во гаснењето на пожарот интервенирале 15 пожарникари со 6 ПП возила.

To top