Поранешниот англиски репрезентативец и еден од најголемите таленти на својата генерација, Џек Вилшер, е назначен за нов менаџер на Лутон Таун.
На само 33 години, возраст на која многумина сè уште играат на врвно ниво, Вилшер ја започнува својата прва сериозна тренерска авантура.
Ова назначување е романтична приказна, тој се враќа во клубот каде што како 8-годишно дете ги направил првите фудбалски чекори, пред да замине во Арсенал.
Но, истовремено, тоа е и тажен потсетник за една кариера уништена од повреди.