Ракомет

Македонија почнува нов квалификациски циклус за ЕП циклус за ЕП

Македонија почнува нов квалификациски циклус за ЕП циклус за ЕП

Женската ракометна репрезентација на Македонија го означи стартот на подготовките за новиот квалификациски циклус за Европското првенство 2026.

Кристијан Грчевски ги собра своите избранички во Скопје, а вчера попладне се одржа првиот тренинг во малата сала при СЦ „Јане Сандански“.

Девојките ќе имаат кратки подоготовки, неколку тренинзи во главниот град на Македонија, а бргу патуваат во Германија за привот натпревар од циклусот. Средбата против Германките во Гумерсбах се игра на 16 октомври.

Веднаш потоа репрезентативниот камп се сели во Битола, за каде на 19 октомври е закажан натпреварот против Словенија.

Во групата 3 освен Македонија, Германија и Словенија е уште Белгија.

Двете најдобро рангирани селекции одат директно на Европското првенство, додека пласман ќе обезбедат и четири од шесте најдобри третопласирани репрезентации.

To top