Познатиот италијански моден дизајнер на обувки и претприемач, Чезаре Пачоти почина на 69-годишна возраст, опкружен со децата и своето пошироко семејство.
Според соопштението објавено синоќа, Пачоти починал во градот Чивитанова Марке во централна Италија.
Причината за смртта сè уште не е позната, а подетални податоци не се објавени. (МИА)