Свет Египет

Антонио Кошта ќе учествува на Мировниот самит во Шарм Ел Шеик

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста денеска на покана на претседателите на Египет и на САД, Абдел Фатах ал-Сиси и Доналд Трамп ќе учествува на Мировниот самит во египетското одморалиште Шарм Ел Шеик.

Антонио Кошта ќе учествува на Мировниот самит во Шарм Ел Шеик

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста денеска на покана на претседателите на Египет и на САД, Абдел Фатах ал-Сиси и Доналд Трамп ќе учествува на Мировниот самит во египетското одморалиште Шарм Ел Шеик.

– Утре во Египет започнува долгиот пат кон мирот. Меѓународната заедница е обединета во својата посветеност кон иднина во која Палестинците и Израелците ќе живеат едни покрај други во мир и безбедност, порача вчера Кошта пред заминувањето за Шарм Ел Шеик.

Според Кошта, првпат по долго време постои вистинска надеж за мир на Блискиот Исток.

– Надеж за ослободување на сите заложници, за прекин на огнот и неограничен хуманитарен пристап до Газа. Надеж за праведен и одржлив мир и посветла иднина, заснована на решението за две држави, истакна Кошта.

Тој нагласи дека нема да бидат заборавени ужасните настани со нападите на Хамас во Израел од 7 октомври 2023 година, кои, како што рече, никогаш не смеат да се повторат, но во исто време ќе се работи на помош за „обнова на Газа и за зацелување на раните“.

Како што најави Европскиот совет, предвидено е Кошта во Шарм Ел Шејк да присуствува и на церемонијата на склучување на Договорот за прекин на војната во Газа, кој ќе го потпишат Трамп и претставници на медијаторите.

Договорот е прва фаза од Планот за мир на Блискиот Исток, инициран од САД, Египет, Катар и Турција, чија цел е ставање крај на војната во Газа, воспоставување траен прекин на огнот, ослободување на сите заложници и овозможување целосен пристапот на хуманитарна помош до Појасот Газа.

– ЕУ е посветена да придонесе во процесите на транзициско управување, закрепнување и реконструкција за да се осигури дека „денот потоа“ ќе биде успешен, вклучително и со продолжување на поддршката за Палестинската автономна управа. Овие напори треба да го отворат патот за долгорочна стабилност, заснована на решението за две држави, при што Израел и државата Палестина ќе живеат една покрај друга во мир и безбедност, се додава во соопштението на Европскиот совет.

To top