Меган Маркл ретко ги покажува своите деца, особено нејзината ќерка Лилибет, за која јавноста не знае речиси ништо. Сепак, сега таа направи исклучок…
Војвотката од Сасекс, Меган Маркл е активна членка на социјалните мрежи. Таа редовно објавува фотографии поврзани со нејзиниот нов бренд наречен „As Ever“, но понекогаш споделува и семејни фотографии.
Па таа направи исклучок од своето правило – „да не ги прикажува децата на мрежите“ и објави видео од нејзината ќерка Лилибет, која ја доби во брак со принцот Хари. Судејќи според објавата, таа имаше посебна причина за тоа.
„До сите девојчиња- овој свет е ваш. Направете што можете за да ги заштитите вашите права, користете го вашиот глас, поддржувајте се едни со други. Ние ќе го сториме истото за вас. Тоа е ваше право и наша одговорност… Среќен Меѓународен ден на девојчето“, ннапиша Меган во објавата.
View this post on Instagram