Карпош е полн со бездомни кучиња, Стевчо Јакимовски вети, а не го реши проблемот, Маја Мојсова да каже дали ќе повика да се гласа за него во вториот круг? Праша на денешната прес-конференција Анета Марковска Илиевска, советничка во Советот на Град Скопје.
Во изборната програма за локалните избори 2021 година, Стевчо Јакимовски, кандидатот на СДС, Филипче и Заев вети отворање на професионален стационар за сместување бездомни кучиња. Четири години потоа ништо од најавениот стационар, а Карпош не може да се справи со бездомните кучуња. Стевчо Јакимовски кандидатот на СДС, Филипче и Заев ветуваше дека на улиците на Карпош нема да има бездомни кучиња и дека проблемот ќе биде решен, но тој излажа. Ветувањето на стационар за бездомни кучиња е уште едно ветување на Стевчо Јакимовски, кандидатот на СДС, Заев и Филипче кое не го реализира. Стевчо Јакимовски и сега ги ветува истите работи кои имал можност 4 години да ги направи, а не ги направил. И сега, како и тогаш лаже, само за да дојде на власт, истакна Марковска Илиевска.