Кошарка

Црвена Звезда го победи европскиот првак Фенербахче

Црвена Звезда го победи европскиот првак Фенербахче

Кошаркарите на Црвена звезда на теренот на европскиот шампион Фенербахче ја забележаа првата победа во сезоната. Црвено-белите славеа во Истанбул со 86:81, во 3. коло од Евролигата.

Кај Звезда, Чима Монеке се истакна со дабл-дабл учинок, односно 20 поени и 12 скока, по што следуваше Тајсон Картер со 15 поени, два скока и три асистенции.

Двоцифрен број на поени имаа и дебитантот во тимот, Донатас Мотиејунас со 13 поени и шест скока, Џордан Нвора со 11 поени и четири скока, и Коди Милер-МекИнтајр со 10 поени, три скока и седум асистенции.

За Фенербахче, Тален Хортон-Такер и Бонзи Колсон постигнаа по 19 поени, додека Микаел Јантунен имаше 15 поени и пет скока.

Резултати:

Олимпијакос-Дубаи 86:67
Барселона-Валенсија 108:102
Баерн-Жалгирис 70:98

To top