Македонската ракометна селекција денес со дуелот против Франција на стадионот во Дизелдорф ќе го отвори ЕП.
Во пресрет на истото со свое видување се јави и поранешниот македонски селектор и тренер на Металург, искусниот Лино Червар.
-Македонија тешко ќе може со Франција и Германија. Би било некоректно спрема Кире Лазаров да се бара од него да ја помине групата, евентуално може да ја победат Швајцарија. Може некој таму ќе зборува дека се може, но тоа е „ти раскажувам приказна“.
-Имав проблеми во Металург и изби штрајк, каде играчите ме обвинија дека сум ги зграпчил сите пари и дека за играчите нема за плата. Подоцна се покажа дека целата приказна е наместен блеф, а истите тие што го почнаа штрајкот подоцна ми беа попосветени во македонската репрезентација од кој било друг играч во мојата кариера, изјави Лино за Лобспорт.