Познати новинарка

Дилета Леота во тесен фустан покажа како се подготвува за шоу

Спортската новинарка и водителка Дилета Леота воодушеви со модно издание додека снимаше емисија за спортската платформа DAZN.

Дилета Леота во тесен фустан покажа како се подготвува за шоу

Спортската новинарка и водителка Дилета Леота воодушеви со модно издание додека снимаше емисија за спортската платформа DAZN.

Таа на својот Instagram сподели како изгледа ситуацијата зад камерите. За таа пригода избра краток, тесен фустан со необичен принт и кафени детали, кои ја истакнуваа нејзината витка фигура.

Својот изглед го комплетираше со високи кафени потпетици и пуштена коса. Дилета, исто така, сподели серија фотографии додека позира во студиото и покажа како се подготвува за шоуто.

Новинарката на своите социјални мрежи често споделува детали од својот приватен и професионален живот.

Дилета е во брак со голманот Лорис Кариус, со кого ја има ќерката, Ариа. Двојката се венчаше минатата година на сицилијанскиот остров Вулкано пред повеќе од 160 гости, меѓу кои и Кјара Ферањи, Елизабета Каналис, Мишел Хунцикер и Аурора Рамацоти.

Леота го постигна својот најголем успех известувајќи од фудбалскиот терен, покривајќи натпревари од Серија А и Лигата на шампионите. Пред да се омажи за Кариус, беше во врска со турскиот актер Џан Јаман.

To top