Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска соопшти дека по денешната посета на Литванија ќе ги посети Естонија и Летонија.
„Естонија, Летонија и Литванија се наши сигурни пријатели и принципиелни партнери. Денеска пристигнав во Вилнус пред да заминам за Талин и Рига“, напиша Зеленски на својот профил на мрежата Х.
Тој вчера разговараше со романскиот претседател Клаус Јоханис за начините за зголемување на капацитетот на граничните премини меѓу Романија и Украина, додека во разговор со неговиот полски колега Анджеј Дуда рече дека границата меѓу двете земји треба да биде „граница на единство“ и се заблагодари на Варшава за поддршката на патот на Украина кон ЕУ и НАТО.
Зеленски ќе учествува и преку видео врска на Светскиот економски форум (СЕФ) во Давос следната недела, кога ќе има „специјално обраќање“ до учесниците. (МИА)