Познати сеќавање

ВЕЧНА СЛАВА: Две години од прераното заминување на Далибор Даки Ѓошиќ

ВЕЧНА СЛАВА: Две години од прераното заминување на Далибор Даки Ѓошиќ

Денеска, 10.10., се навршуваат две години од прераното заминување на Далибор Ѓошиќ, кој почина на 41 годишна возраст.

Ѓошиќ беше истакнат пејач од прв ред – солист на Националната установа за народни игри и песни ансамбл „Танец“.

Во Националниот ансамбл „Танец“ се вработил во 2007 година, каде за време на 16-те активни години, како вокален солист и како дел од различни ансамблови состави, остварил 363 концертни настапи, дома и надвор, а само четврт век, со „Танец“ настапил во 23 држави во Европа, САД, Азија, Африка.

Според податоците, има исполнето над 300 песни пред вкупен аудиториум од речиси 100 илјади посетители. Незаборавни се неговите изведби на песните „Дејгиди, луди, млади години“, „Учи ме мајко, карај ме“, „Кирјана вино продава“, „Јовано, Јованке“ и многу други.

Покрај успешната кариера со ансамблот „Танец“, Далибор Ѓошиќ беше присутен и на фестивалската сцена.

To top