Кошарка

Леброн Џејмс го пропушта стартот на сезоната поради ишијас

Леброн Џејмс го пропушта стартот на сезоната поради ишијас

Најголемата ѕвезда на тимот, Леброн Џејмс, ќе го пропушти стартот на сезоната поради ишијас (повреда или иритација на ишијалниот нерв) на десната страна од телото.

Ова е огромен удар за “езерџиите”, кои ќе мораат да ја започнат својата 23-та сезона во кариерата на “Кралот” без негово присуство на теренот.

Според официјалното соопштение на клубот, Џејмс ќе биде надвор од терените најмалку три до четири недели, по што ќе биде направена нова проценка на неговата состојба.

Ова значи дека тој сигурно ќе го пропушти големото отворање на сезоната на 21 октомври, кога Лејкерси на домашен терен ќе го пречекаат својот најголем ривал, Голден Стејт Вориорс.

To top