„Македонија е квалитетен противник и во ниеден момент не смееме да ја потцениме. Тимот не прима многу голови, има јасна идеја во играта, дисциплиниран е и знае како да ги искористи грешките на противникот, така што ние ќе мора да најдеме начин да го промениме тоа. Добро ги анализиравме нивните настапи, ги знаеме нивните силни страни, но истовремено верувам дека исходот ќе зависи од тоа како ние ќе се поставиме на теренот,“ изјави Гарсија.

Селекторот додаде дека атмосферата во белгискиот табор е позитивна, а играчите се максимално мотивирани по убедливата победа на последниот квалификациски меч.

„Играчите се во одлична физичка и ментална состојба. Сите се свесни колку е важно да ја продолжиме серијата на добри резултати. Нашата цел е јасна, да победиме и да ја преземеме контролата во групата. Ќе дадеме сѐ од себе за тоа да го постигнеме,“ нагласи Гарсија.