Со само четири состојки, овие едноставни, здрави колачиња може да се направат за помалку од половина час. Тие се одлична идеја за појадок или ужина со вашиот омилен пијалок.
Состојки:
2 банани
120 мл путер од кикирики
250 грама мусли со мешавина од овошје
80 грама парчиња темно чоколадо
Подготовка:
Измешајте ја пасираната банана со путер од кикирики, додадете мусли со мешавина од овошје и парчиња темно чоколадо. Ставете ја смесата во топчиња на плех обложен со хартија за печење.
Печете во рерна претходно загреана на 180°C 10-12 минути.
Сервирање:
Сервирајте за појадок или како ужина со вашиот омилен пијалок.
Совет:
Пред печење, малку израмнете ги топчињата за да им дадете облик на колаче.