Синот на Кристијано Роналдо е вистинска интернет сензација, откако шпанската „Марка“ објави видео како тој изведува слободни удари. 13-годишниот Кристијано јуниор во моментов е дел од академијата на Ал-Наср, а претходно беше дел и од академиите на Реал Мадрид, Манчестер јунајтед и Јувентус, односно клубовите за кои играше неговиот татко.
Навистина импресивно изгледаат неговите слободни удари, кои наликуваат како на најдобрите изведувачи во светот на фудбалот.
Cristiano Jr 🎯 pic.twitter.com/umK4LgEvLk
— MARCA (@marca) January 9, 2024