Свет Извештаи

Украина тврди дека погодила руска фабрика за експлозиви и нафтен терминал во Крим

Гувернерот на Нижегородската област, Глеб Никитин, изјави дека руската противвоздушна одбрана одбила напад со 20 дронови врз индустриската зона на Џержинск.

Украина тврди дека погодила руска фабрика за експлозиви и нафтен терминал во Крим

Украинските вооружени сили соопштија денеска дека погодиле една од главните руски фабрики за производство на експлозиви за различни видови муниција, како и нафтен терминал на окупираниот Крим.

Главниот штаб на украинската армија информираше дека по нападот врз Свердловската фабрика за експлозиви во градот Џержинск, во Нижегородската област, биле пријавени бројни експлозии, а пожар избувнал и по ударот врз нафтниот терминал во Феодосија, на Крим.

Гувернерот на Нижегородската област, Глеб Никитин, изјави дека руската противвоздушна одбрана одбила напад со 20 дронови врз индустриската зона на Џержинск.

-Според првичните податоци, остатоци од дроновите раниле еден цивил, чиишто живот не е во опасност, рече Никитин.

Украински дронови, според извештаите, погодиле и термоелектрана во градот Клинци, во Брјанската област, како и нафтена рафинерија во градот Туапсе, во Краснодарскиот крај, при што се повредени двајца руски државјани.  (МИА)

To top