Хроника

Тешко повреден малолетник, паднал од мотор

Тешко повреден малолетник, паднал од мотор

На 05.10.2025 во 17:43 часот во СВР Битола е пријавено дека на крстосница од ул.„Никола Тесла”, ул.„Ениџе Вардар” и ул.„Дрвар “во Битола, 17-годишник од Битола, управувајќи мотоцикл „априлија” со битолски регистарски ознаки, изгубил контрола над мотоциклот и паднал на коловозот, информира МВР.

Притоа, малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола.

Увид извршила увидна екипа на СВР Битола.

Најнови вести од Хроника

To top