Хороскоп

Рибите да очекуваат тежок ден, можни чести караници за Ракот

Рибите да очекуваат тежок ден, можни чести караници за Ракот

ОВЕН

Можни се мали несогласувања денеска, па важно е да се потрудите јасно и отворено да ги изразувате своите ставови. Ви се допаѓа личност која може да делува како несигурна во себе. Посетете стоматолог.

БИК

Можно е одложување на службено патување кое сте го планирале. Работното поле не ви е идеално. На љубовното поле не сте задоволни од околностите во кои се наоѓате. Саканата личност не ви е доволно посветена. Не внесувајте многу мрсна храна.

БЛИЗНАЦИ

Пред вас е поволен период за нови вложувања или почеток на нов бизнис. Немате доволно доверба во љубовниот партнер и размислувате како да го проверите неговото однесување. Нешто не ви се допаѓа. Чувствително ви е здравјето, можни се проблеми.

РАК

Време е да поработите на својот став, ако сакате да остварите поволен успех. Ако не верувате во себе, нема да верувате ниту во други. Можно е да имате чести караници со саканата личност. Пред вас е фаза во која конфликтите се „жестоки“. Можни проблеми со бубрезите.

ЛАВ

Преоптоварени сте со работа, и понекогаш чувствувате дека притисокот е поголем од она што може да го поднесете. Можно е вашиот партнер да ве навел да се запрашате дали навистина ве сака или ве користи од некоја причина. Проверете ја крвната слика.

ДЕВИЦА

Може да сте надевате на пресврти и позитивни околности на полето работа. Ќе ви се укаже шанса да напредувате. Ја прекинувате врската во која сте влегле, затоа што доаѓате до заклучок дека партнерот не ги исполнил некои од своите ветувања. Водете сметка околу кардиоваскуларниот систем.

ВАГА

Ако се занимавате со приватна работа, пред вас е фаза на преиспитувања. Можно е да треба да воведете некои промени. Ако сте во брак, ве очекува напнат однос со саканата личност. Не се сложувате најдобро. Здравствено имате проблеми со варењето на храната.

ШКОРПИЈА

Ве очекува кратко работно патување кое може да се покаже како корисно за вас. Комуникацијата со саканата личност станува подобра и ви се враќа надеж во тоа што вашата врска ќе стане успешна. Можни проблеми со дишните патишта.

СТРЕЛЕЦ

Во некои ситуации немате доволно трпение па сте наклонети кон правење на грешки поради брзање. Постои одредена дистанца помеѓу вас и партнерот, па ни самите не сте сигурни како да се поставите овој пат. Искористете го денешниот ден за одмор.

ЈАРЕЦ

Можни се некои промени во работното поле. Пред вас е фаза во која ситуацијата на работа ќе ви биде нестабилна. На љубовното поле, враќање на личност од минатото може да ве погоди и повеќе од што очекувате. Ќе ви годи физичка активност.

ВОДОЛИЈА

Важно е да бидете подготвени максимално да се потрудите да ги остварите своите цели, затоа што никој друг освен вас за тоа нема да се бори. Потребно е повеќе да се потрудите околу саканата личност. Пред вас е фаза во која врската би можела да влезе во криза. Добро се чувствувате здравствено.

РИБИ

Не реагирате добро на работното опкружување и денеска сте наклонети кон разни конфликти. Очекувајте тежок ден за работа. Важно е на партнерот да му ги покажете чувствата. Пред вас е шанса да остварите подобар однос. Зајакнете го имунитетот.

To top