Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе има мнозинство во идниот состав на Советот на Општина Битола, изјави кандидатот за градоначалник Тони Коњановски.
На прес-конференција што се одржа во битолскиот огранок на Социјалистичката партија на Македонија, Коњановски се заблагодари за јавната поддршка од таа партија.
-И во оваа кампања сме заедно со Социјалистичката партија на Македонија, нашиот традиционален поддржувач. Во идниот состав на Советот на Општина Битола очекуваме мнозинство и на тој начин непречено реализирање на нашата заедничка програма, посочи кандидатот и актуелен градоначалник на Битола, Тони Коњановски.
Поддршка од Социјалистичката партија на Македонија за Коалицијата „ТВОЈА МАКЕДОНИЈА“!
Присуствував на денешната…
Posted by Тони Коњановски on Sunday, October 5, 2025
Според носителот на листата Филип Поповски, кадровската и програмската понуда на коалицијата „Твоја Македонија“ се гаранција за квалитетен состав на Советот на Општина Битола.
-Програмските цели ќе ги остваруваме заеднички, што значи и со членовите и симпатизерите на Социјалистичката партија на Македонија чиј претставник на кандидатската листа е Кети Јосифовска. Очекувам токму Јосифовска да се истакне со својата стручност и посветеност и да биде глас на народот што ќе се залага за програмските цели и проекти за подобар и поквалитетен живот на битолчани, истакна Поповски.
За јавната поддршка за кандидатот за градоначалник Тони Коњановски и советничката листа на коалицијата „Твоја Македонија“, на прес-конференцијата во Битола говореа и Александар Вангеловски, претседател на огранокот на СПМ, и Кети Јосифовска, кандидатка за општински советник.