Промо промо

Величенствена промоција на дипломци и магистри од Универзитет Скопје

Величенствена промоција на дипломци и магистри од Универзитет Скопје

Во присуство на академскиот кадар, министри,амбасадори,градоначалници, претставници од бизнис заедницата и медиумите во Националната опера и балет се одржа гламурозно свечено доделување на дипломи на седумнаесетата генерација дипломирани студенти и петнаесеттата генерација магистри на Универзитетот Скопје.

Универзитет Скопје

Во духот на инспирацијата и поддршката, ректорот на Универзитетот Скопје, проф. д-р Аце Миленковски ги охрабри дипломците и магистрите на Универзитетот Скопје да најдат време за многу важни аспекти од животот – работа, размислување, играње, читање, љубов и радост. Во својот говор им порача дека семејството е татковина на љубовта – токму такво големо семејство е Универзитет Скопје, со дипломците, магистрите, нивните родители и сите присутни гости.

„Нашиот Универзитет е светилник на надежта, а надежта е вкоренета во решенијата кои секојдневно ги создаваме. На нашиот Универзитет има експертиза за поефикасно спроведување на знаењето во кое се втемелени вашите вештини и компетенции, а ние како академски кадар мора да се осигураме дека нашето образование е релевантно и дека можеме да ги задоволиме потребите на ова наше македонско општество. Драги мои дипломци и магистри, заедно со вас ќе ја направиме нашата татковина подобро место за живеење, истакна Ректорот Миленковски.

Универзитет Скопје

Тој особено им се заблагодари на своите колеги и пријатели што несебично придонесуваат кон развојот на науката, високообразовната дејност и економијата. Универзитетот Скопје додели и признанија на истакнати научници и интелектуалци проф. д-р Антонио Карлес Рамирез и м-р Марјан Ѓорчев,за нивниот придонес за развој на високото образование и економијата.

Свечената промоција стартуваше со балетот „Simply the best“ во кореографија на Олга Панго, чија изведба низ музика и игра ги доловија сите важни мигови во образованието на една личност.

На свечената промоција во МОБ беа прогласени и студентите на генерација. Најдобрите дипломци и магистри се заблагодарија на академскиот кадар, нивната посветеност и професионалност. Универзитет Скопје кој е бренд во високото образование, создава кадри кои веќе се етаблирани на менаџерски позиции во реномирани компании.

Најнови вести од Промо

To top