Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје ја почнува новата авантура на Јадранот.
И оваа сезона „штрковите“ ќе бидат дел од АБА-2 лигата каде ќе ја претставуваат Македонија заедно со ТФТ Скопје.
Првиот меч аеродромци го играат на домашен терен.
Во вторник во СЦ „Јане Сандански“ гостува тимот на Вршац, а дуелот започнува од 20:00 часот.
Со цел да добијат максимална поддршка, управата ги отвори вратите за сите љубители на кошарката.
Имено, влезот на дуелот МЗТ Скопје – Вршац ќе биде слободен.
Целта на македонскиот шампион оваа сезона во регионалното натпреварување е да се врати во елитното друштво, тоа е АБА-лигата, меѓу најдобрите.