Останати спортови ОФМ

Македонските одбојкари вечерва ги дознаваат противниците на ЕП

Македонските одбојкари по четврти пат во низа ќе учествуваат на континенталниот собир, каде ќе бидат во друштво со уште 23 селекции меѓу кои и новиот светски првак Италија, како и сребрениот тим од последното СП – Бугарија.

Македонските одбојкари вечерва ги дознаваат противниците на ЕП

Македонската машката сениорска одбојкарска репрезентација вечерва со жрепка во италијанскиот град Бари ќе ги добие противниците во групната фаза на Европското првенство.

Македонските одбојкари по четврти пат во низа ќе учествуваат на континенталниот собир, каде ќе бидат во друштво со уште 23 селекции меѓу кои и новиот светски првак Италија, како и сребрениот тим од последното СП – Бугарија.

Претседателот на Одбојкарската федерација на Македонија (ОФМ) Петар Јовановски и генералниот секретар Филип Деспотовски ќе бидат македонските претставници на жрепката, закажана со почеток во 20:45 часот во замокот Свево во Бари.

Домаќини на Европското првенство, од 9 до 26 септември, ќе бидат Италија, Бугарија, Финска и Романија, кои на полудиригираната жрепка ќе бидат сместени во по една од четирите групи, како нивни носители. Италија е носител во групата А, Бугарија ќе биде носител на групата Б во Варна, Финска во Тампере ќе ги пречека противниците во групата Ц, додека Романија во групата Д натпреварите ќе ги игра во Клуж.

To top