Култура Национална галерија

Отворање на изложбата „Скриеното трето: Некаде помеѓу присуството и отсуството“ во Мала станица

Изложбата ќе трае до 25 октомври 2025, а учествуваат уметниците од Македонија, Грција, Србија и Кипар: Слободанка Ступар, Аница Вучетиќ, Дарија С. Радаковиќ, Анита Аргироилиопулу, Ефи Фурики, Катерина Евангелаκу, Моника Мотеска, Вана Урошевиќ, Дијана Томиќ, Славица Јанешлиева, Клица Антониу, Марина Касианиду, Елина Јоану.

Отворање на изложбата „Скриеното трето: Некаде помеѓу присуството и отсуството“ во Мала станица

Во Мултимедијалниот центар Мала станица вечер ќе биде отворена изложбата „Скриеното трето: Некаде помеѓу присуството и отсуството“. Кураторки се Ана Франговска, кустос советник во Националната галерија на Р.С. Македонија и независната историчарка на уметност од Грција, Ники Папаспиру.

Изложбата ќе трае до 25 октомври 2025, а учествуваат уметниците од Македонија, Грција, Србија и Кипар: Слободанка Ступар, Аница Вучетиќ, Дарија С. Радаковиќ, Анита Аргироилиопулу, Ефи Фурики, Катерина Евангелаκу, Моника Мотеска, Вана Урошевиќ, Дијана Томиќ, Славица Јанешлиева, Клица Антониу, Марина Касианиду, Елина Јоану.

-Изложбата се развива долж имагинарна оска што се протега од Белград до Никозија, со Скопје и Атина како клучни точки во оваа геополитичка и културна поврзаност. Тринаесетте македонски, грчки, српски и кипарски уметнички ќе претстават дела во медиуми како што се просторни и звучни инсталација, видеа, објекти, слики, цртежи и перформанс. Изложбата создава феминистички простор на соживот, отпор и прекомпонирање, потенцирајќи ја важноста на уметничкиот израз во постојано променливиот свет. Скриеното трето претставува проширување на проектот Присутност/Отсутност, формирајќи мрежа на дијалог помеѓу женски уметнички гласови од Балканот и Медитеранот. Инспирирана од теоријата на Басараб Николеску за меѓусебно поврзана и повеќеслојна реалност, изложбата го третира „скриеното трето“ како средишна сфера на постоење каде спротивставените поими коегзистираат и се трансформираат: присутност/отсутност, материјално/нематеријално, индивидуално/колективно, наведува Националната галерија на Р. С. Македонија.

Премиерата на изложбата беше во Атина, во мај годинава.

Најнови вести од Култура

To top