Македонија Состојба на пат

Нормализиран сообраќајот на патот Живалево – Туралево

Од 6:45 часот е нормализиран сообраќајот на патот Живалево – Туралево, соопшти АМСМ.

Нормализиран сообраќајот на патот Живалево – Туралево

Од 6:45 часот е нормализиран сообраќајот на патот Живалево – Туралево, соопшти АМСМ.

Од 5 часот имаше одрон на овој патен правец и поради тоа сообраќајот се одвиваше наизменично по една коловозна лента.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. 

Најнови вести од Македонија

To top