Македонија

Костадиновски: Изработка на сообраќаен проект за поголема безбедност во Виница, формирање на зона за мало стопанство

Костадиновски: Изработка на сообраќаен проект за поголема безбедност во Виница, формирање на зона за мало стопанство

Нулта толеранција за корупција, транспарентно и отчетно работење во интерес на граѓаните со посилно темпо и со повеќе проекти.

Ова го најавува кандидатот за градоначалник на Општина Виница од ВМРО-ДПМНЕ, Митко Костадиновски во својата програма, за која истакнува дека е темелена на барањата на граѓаните, со реални проекти и конкретни рокови.

-Предвидуваме проекти за модерна општинска инфраструктура, економски силна општина, проекти за младите, развој на спортот, за зелена, чиста и енергетски ефикасна општина. Изградба на спортска сала во единственото училиште во градот кое нема сала. Целосна реконструкција на градскиот парк кој ќе добие нов лик со нови содржини. Доградба на нова детска градинка, изработка на сообраќаен проект за поголема безбедност, изградба на кружен тек, нагласи Костадиновски.

Кандидатот за градоначалник додаде и дека планирано е формирање на зона за мало стопанство во Блатец која ќе се протега на површна од 24 хектари со 29 градежни парцели за продажба.

Најавени се инвестиции во образованието и спортот.

Најнови вести од Македонија

To top